Тој потенцира дека Самит се одржува во клучен момент за нашата Алијанса и за нашата колективна безбедност.
– Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена, ги засилуваме нашите позиции наспроти предизвиците, за заедно да донесеме одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО. Сите ние лидерите на НАТО и на земјите-членки сме согласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици. Трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации безбедни. Сега имаме историска можност да ја зајакнеме врската меѓу Европа и Северна Америка и да го подготвиме НАТО за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на нашата Алијанса е во срцето на Самитот, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.