Ветивме дека Скопје ќе продолжи да се гради, но дека ќе се откажеме од мегаломанските проекти. Сега Скопје се гради со усул и во периферијата и во централниот дел во сите градски општини рамноправно затоа што не смееме и не треба да го застанеме развојот на градот, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Посочи дека и во најцентралните скопски општини – Карпош, Центар и Аеродром не може да се каже дека има мегаломанство, навала и напад на урбанизација. Тоа, како што кажа, е спречено не само со волјата на градоначалниците и советниците, туку и со закон.

Законот веќе ги лимитира и висините и габаритите на објектите кои се градат. Уставното право на сопственост е неприкосновено во демократијата и кај нас, но сега ставивме ред во растот и развојот на Скопје, рече Заев во одговор на новинарско прашање при денешното означување на почетокот на градба на мостот „Љубљанска“ во Скопје.

Измените на законите за урбанистичко планирање, додаде, се прават согласно укажувањата. Донесен е нов Закон за урбанистичко планирање каде согласно укажувањата се сменети параметрите, а тоа е паркинг во самата парцела и минимум 20 отсто зелена површина во самата парцела.

Нагласи дека се уште се градат објекти за кои се издадени одобренија за градба во 2013 и во 2015 година, како во Град Скопје, така и во Охрид, кои, како што кажа, се проблем и за УНЕСКО.

Таквите права може само преку суд да се оспорат заради одредени законски решенија кои се донесени после издавањето на овие одобренија за градба заради што добиваат на суд. …Денеска се откажани сите проекти кои беа замислени со 30, 50 и 60 ката, максимален габарит и блоковска поставеност. Веќе никаде во државата нема блок на згради кој го спречува флукуирањето на воздухот. Просторниот план и Законот за просторно и урбанистичко планирање го лимитира мегаломанството, рече Заев и додаде дека дури и кај локациите кои беа најмногу оспорувани има повеќе од 50 отсто предвидено зеленило на парцелата.

Порача дека сите проекти за чија реализација Владата прави алокација на средства од централниот буџет се најголемото олеснување за општините и Градот за да можат сопствените средства, што биле наменети за проектите што ги финансира државата, да ги пренаменат за уште повеќе зеленило, спортски и детски игралишта, тротоари, пешачки и велосипедски патеки,…