Дали Заев со пари на народот платил агенција за мерење на јавно мислење за една потреба, а таа иста агенција после неколку месеци прави политичка анкета на која резултатите се поволни за него?
Колку чини власта на Заев и дали народните пари се злоупотребуваат во директна политичка кампања?
Дали и колку од тие агенции кои ги платила владата до сега излегле со анкета за локалните избори, и дали тој резултат е во полза на Заев?
Тоа што Заев редовно го прави во Македонија, во Австрија која е земја членка на ЕУ, дури и да постои сомнеж за тоа, цела влада си дава оставка, да го следеше Заев тој пример до сега требаше едно 1.000 пати да си даде оставка. Но кај Заев нема ништо европско, тој дури и кога е фатен инфлагранти во криминал не дава оставка, туку се крие и бара изговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.