Тој настапува вечерва на големата сцена во салата Ахои во Ротердам, Холандија во првото полуфинале. Започнува во 21:00 часот, а Гарванлиев со песната „Here i stand“, ќе настапи шести по ред.
-Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!, напиша Заев на неговиот профил на Фејсбук.