Целата објава ја пренесуваме во продолжение:

На 17 јуни, 2018 година, во еден од најубавите предели на Европа, на тромеѓето на Преспанските Езера беше потпишан историскиот Преспански договор.

Со Договорот од Преспа, се реши речиси тридеценискиот спор со Грција кој имаше сериозни негативни билатерални, регионални и мултилатерални импликации и кој светот го препознаваше како тежок и нерешлив проблем.

На потпишувањето на овој историски договор му претходеше процес низ кој се негуваше и градеше пријателство меѓу двете земји што беше еднакво важно како и решението кон кое се стремевме.

Со тогашниот премиер Ципрас си рековме дека нема да го ставиме процесот во кутијата на црвените линии.

Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис.

И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е – невозможно!

Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите.

Ние, јас и премиерот Ципрас, министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров, членовите на нашите влади, заедно со нашите соработници и со поддршката на Обединетите Нации, на Европската Унија и со поддршката и на нашите заеднички стратешки пријатели, бевме одлучни дека ќе дојдеме до решение.

По достоинствено и прифатливо решение за двете страни.

Денес имаме само придонеси од решената разлика. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и придонесовме да зајакне регионална стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан.

Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрза нашето интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за наша интеграција во ЕУ.

Република Северна Македонија стана 30-та полноправна членка на НАТО и на 14 јуни оваа година, запиша уште една значајна страница во својата современа историја – Рамо до рамо со своите сојузници учествуваше во креирање на стратегиите на алијансата за претстојната декада, НАТО 2030.

Светот и меѓународната заедница оддадоа признание дека спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање.

Договорот од Преспа остана да порачува дека како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите.

3 години од потпишувањето на Договорoт од Преспа

Posted by Zoran Zaev on Thursday, June 17, 2021