Две куќи се изгорени , но за среќа се успеа да се спречи ширењето кон централното градско подрачје , рече градоначалникот Илијев , кој додаде дека од сите околни општини и од градот Скопје пристигнала помош. Граѓаните на Кочани треба да бидат спокојни вели Илијев.

Сите противпожарни единици и Армијата се тука и помогнаа во гаснењето на овој страшен пожар, рече Илијев.

Премиерот Заев додаде дека е важно што сме сите заедно, што се дејствува координирано. Тој рече дека министерот за ванатрешни работи Спасовски и вицепремиерот Николовски се во Ранковце, каде што исто така има пожари .

– Имаме девет луѓе кои вдишеле чад и се на лекување во болница. Немаме други загрозени човечки животи. Важно е да знаат сите дека солидарноста во државава функционира. Целиот систем поставен преку ЦУК и ДЗС со противпожарните единици функционираат имајќи во предвид дека денеска се лоцирани 13 пожари кој беснеат на територија на целата држава, изјави Заев.

 

Изјава на премиерот Заев за пожарот кај Кочани

Posted by MИА.mk on Monday, August 2, 2021