Средбата, како што денеска изјави премиерот, е на барања на Алијанса и Алтернатива, а на неа ќе присуствуваат и министрите за внатрешни работи и за правда. Поканети се и координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.
– Нека дојде и „Левица“ ако мислат дека треба да бидат присутни. Ќе му кажам на координаторот. Јас ќе бидам присутен со министерот за внатрешни работи и за правда за да изнајдеме решение се со цел власта да покаже доблест и разбирање за сите барања на опозицијата кои се разумни и рационални, изјави Заев по денешната лидерска средба со претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.