Во пресрет на посетата, во изјава за Бугарската новинска агенција БГНЕС, утрово, премиерот Заев изјавил дека со денешната посета се надева да направат чекор напред со кој следниот пат ќе бидат поблиску до решение.
– Два пријателски народи треба постојано да говорат и да бараат решение. Решението е некаде тука околу нас. Треба да го најдеме. Секој пат се надевам разговорите да се успешни, овој пат да направиме чекор напред и се надеваме следниот пат да успееме, изјавил Заев пред средбата ова утро со претседателот на ГЕРБ и доскорешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов.
Заев, како што пренесува БГНЕС, подвлекол дека „треба да направиме се за да се поддржиме и да се помагаме. Треба целосно да јс поддржиме иднината на Балканот а тоа е во Европскиот Сојуз“.
Од своја страна , Борисов на средбата, им кажал дека денеска Македонската делегација ќе има многу средби со официјалните лица во Бугарија, но дека тие немајќи храброст да преземат одговорност ќе се,, ваделе“ на немањето Парламент.
Нашите официјални лица, не ги подигаа очекувањата во пресрет на Состанокот на Советот на Европската Унија на 24 и на 25 јуни на кој на 22 му претходи советот за општи работи. Речиси консензуална е поддршката Р.С. Македонија во јуни да почне преговори со ЕУ, од сите земји членки на Унијата со исклучок на Бугарија која вчера потенцира дека нивното вето останува.