Заев тврди дека парламентарното мнозинство не може да се намали, туку само да се зголемува. Запрашан за коментар по вчерашната изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека се работи на ново парламентарно мнозинство, коешто ќе изгласа предвремени избори, рече:
– Мојот политички опонент, Мицкоски, „С“ од Северна не употребува. Може ли да замислите што ќе биде од државата? Зошто да одиме на парламентарни избори, зарем не е потребно да дадеме конечно еден мандат од 4 години власта да покаже што може, но и граѓаните да почувствуваат економски бенефити, рече Заев.