На 23.02.2022 во 22.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат с.Иловица – с.Турново, струмичко, малолетник од с.Иловица, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, на кој се превезувале уште двајца малолетници од истото село, изгубил контрола, при што еден од двајцата сопатници паднал на коловозот, информира МВР.
Тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде била констатирана смрт.
Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.