Во сообраќајна несреќа кај Нова Горица вчера почина младиот пожарникар од Словенија, Жан Кoфол, само еден ден пред да наполни 20 години
Тој беше еден од доброволците кои летово пристигнаа од Словенија во Пехчево и учествуваше во гаснење на шумските пожари.
Јавноста во Македонија за Кoфол дозна преку фото-сториите на Дојче Веле.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил денеска напиша:
– Длабоко сочувство до семејството и до пријателска Словенија. Жителите на Берово и Пехчево, но и цела држава ќе ја памтат пожртвуваноста на Жан – објави таа.