Деветмесечно бебе, нејзиниот 29-годишен татко и осум девојчиња на возраст под 17 години ги загубија своите животи во автобусот на младинскиот ранч на Здружението на шерифите во Алабама, објави шерифот на округот Батлер, Дени Бонд, пренесуваат американските медиуми.

Тој рече дека на ранчот живеат деца на училишна возраст од Алабама кои биле запоставени или малтретирани во семејствата.

Осум од децата кои загинаа во несреќата се враќале на ранчот по една недела мината на плажата Голф Шорс, на брегот на Мексиканскиот залив.

Причината за судирот на автопатот меѓу Гринвил и Форт Депозит сè уште се истражува, а се сомнева дека возилата се излизгале.

Директорката на ранчот, Кендис Гали е спасена и хоспитализирана во Монтегомери, но не е познато во каква состојба, рече Смит.

Директорот на младинските кампови, Мајкл Смит, изјавил дека ова е најголемата трагедија која ја доживеал. Тој се вратил од патувањето со друг автобус и не ја видел несреќата.

– Зборовите не можат да го опишат она што го видов, ние ги сакаме овие девојки како свои деца, рече Смит на местото на несреќата.