Захариева сега вели дека Европа и Бугарија ќе го надгледуваат пописот во Македонија, бидејќи властите во Скопје сакале да го намалат бројот на бугарите во земјата.

– Пред четири години виновна им беше Грција, две години подоцна виновни им беа други две држави, Холандија и Франција, сега виновна е Бугарија. Скопје не треба да бара надворешни причини за недостатокот на реформи во државата. Ние немаме претензии за тоа како тие себеси ќе се наречат. Проблемот со правото на самоопределување не е наш туку е нивен. Тие имаат проблеми со луѓето кои живеат таму и се чувствуваат и Македонци и Бугари. – изјави Захариева.

Бујар за надворешни работи Бујар Османи пак денеска на видео-средбата со шефот на чешката дипломатија Јакуб Кулханек порача дека се надева на континуитет на дијалогот и со новата Влада во Софија.

– Остануваме посветени на реформската агенда, со посебен фокус на европските приоритети. Продолжуваме и со активностите за унапредување на добрососедските односи, секако со фокус на Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка, и отстранување на разликите кои создаваат политичка недоверба. – изјави Бујар Османи.

Чешкиот министер Кулханек се согласил дека е потребно што поскоро усвојување на преговарачката рамка за земјава и формален почеток на преговорите со ЕУ.