Од Инспекторатот информираат дека депонијата во моментот на надзорот не била опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори.

 

Областа зафатена со депонирање, како што појаснува Инспекторатот, има површина од 12 хектари и е оградена, но има можност за неовластен пристап, што повремено се злоупотребува за потпалување на депонијата.

– Заради високите температури се јавува и самозапалување. На теренот има механизација што врши прекривање со земја, а се доведува и вода за гасење од системот во состав на Водостопанство АД, што минува покрај депонијата. Јавното претпријатие се задолжи да ги зајакне контролите, редовно да проверува евентуални оштетувања на оградата и да врши почесто прекривање на отпадот со земја, а со тоа да обезбеди и уште еден багер со кој прекривањето со земја ќе се врши на поголема површина – со цел спречување на нови опожарувања, соопштија од ДИЖС.