– Аеродромот во Хамбург е затворен откако синоќа вооружен маж со автомобил ја пробил оградата, пристигнал на пистата и двапати пукал во воздух. Во меѓувреме е потврдено дека во возилото има и дете.

Сопругата на вооружениот маж претходно ја информирала полицијата поради евентуално киднапирање на дете.

Германскиот весник Билд објави дека станува збор за турски државјанин кој како заложник ја држи неговата четиригодишна ќерка. Во тек е заложничка ситуација.

Нашиот преговарачки тим е во контакт со лицето во автомобилот. Ситуацијата останува статична портпаролот на полицијата во Хамбург.