Шеесет и шестгодишен кумановец, кој бил со коморбидитети, е последниот смртен случај со западнонилска треска во државата.

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана, денеска во изјава за медиуми рече дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Бил со потешка клиничка слика.

Директорот информира дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментот 11 се на Инфективната клиника, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.

-Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективната клиника е од 19 септември, овој викенд – одговори директорот на новинарско прашање.

Ова е деветто лице што му подлегна на вирусот на западнонилска треска во државата.