Предмет на акцијата, соопшти денеска Царинската управа, беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.
-Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од Царинската управа.