Утринава од 06 часот започна генералното чистење и средување на градот со гребење,чистење решетки и сливници, метење и перење каде активни се три цистерни на ЈП Комуналец, една цистерна на ТППЕ Кавадарци, служби од Водовод, Зеленило и од Механизација мал скип и товарни возила, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.