– Се метат паднатите лисја, се врши косење на нараснатите тревни површини, се чистат мини депониите. Во оваа акција за генерално чистење, се вклучени дваесетина сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода, кои чистат и рачно и со два камиони и цистерна, велат од Општина Кисела Вода.

Урбаната заедница Расадник, се вели во соопштението, е првата од населбите во Кисела Вода во која ќе се врши генерално чистење. Општина Кисела Вода најави дека преку секторот за месна самоуправа и социјална заштита во наредниот период ќе спроведе акции по сите урбани и месни заедници.

– Ќе го зголемиме бројот на сезонски работници, ќе ја подобриме услугата од комуналните служби, со што ќе обезбедиме чисти улици и средени паркови, за секого и во секое време. Ќе се работи со засилено тепмо, па набрзо, нашите жители ќе имаат чиста и зелена општина, онака како што доликува, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.