Во сите касарни со оддавање почит на загинатите припадници и положување венци и цвеќе на спомениците, почна одбележувањето на 18-ти август, Денот на Армијата. По тој повод, делегации на Армијата, Министерството за одбрана, претседателскиот кабинет и организациите на резервни старешини, положија цвеќе и на гробот на претседателите Борис Трајковски и Киро глигоров и на генералот Михаило Апостолски на градските гробишта Бутел во Скопје.

Централната свеченост за Денот на Армијата и 32-годишнината од формирањето ќе се одржи во недела во Охрид.