Владата веќе работи на подобрување на постојните решенија за заштита од насилство. Надлежните институции во континуитет преземаат мерки во рамките на своите законски надлежности, соопштуваат владините служби.

Во целиот овој процес од исклучително значење е стручниот придонес на јавноста, како и на граѓанските организации кои секојдневно работат директно со жртвите на терен.

Воедно, од извршната власт посочуваат дека за вака чувствителна општествена тема јавната дебата мора секогаш да се води со особена одговорност и сериозност.

„Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштита на жртвите“, стои во официјалната реакција на Владата.