Триесет и деветгодишната Колесникова го искина својот пасош за да ги спречи белоруските безбедносни сили да ја депортираат во Украина. Поранешната музичарка беше едно од заштитните лица на масовните протести на опозицијата, кои уследија откако Лукашенко беше обвинет дека ги лажирал претседателските избори.

Колесникова беше обвинета за екстремизам и незаконски обид за преземање на власта. Друг истакнат опозиционер Маским Знак доби десет години затвор за истите обвиненија.

Судењето почна минатиот месец и беше затворено за јавност. Колесникова беше меѓу илјадници луѓе кои беа приведени на протестите, откако со уште две жени се здружи во изборната кампања против Лукашенко