Словачкиот премиер Роберт Фицо бил застрелан и ранет по состанокот на владата во близина на Братислава, јавува државната новинска агенција.
Како што се првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето. Додека се поздравувал, во еден момент се слушнале истрели. Напаѓачот веднаш и експресно бил уапсен.
Очевидец изјави за Ројтерс за неколку истрели и еден маж кој бил приведен од полицијата. Според него, безбедносните сили внеле некого во автомобил и се оддалечиле.
За мотивите за пукањето, повеќе детали се очекуваат во текот на денот.