СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Штип и П.Т.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените, во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор – Штип, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи.

Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари.