Затвореник од затворот во Штип, само што се вратил од болнички преглед, починал во својата затворска ќелија. Се претпоставува дека Д.М. (68) од Кочани починал од срцев удар.

Тој бил осуден за убиство на 20-годишна затворска казна, а веќе одлежал 9 години. За смртта на затвореникот известени се надлежните органи.