Казните се дел од драконските мерки на француската влада да ги принуди граѓаните да добијат вакцина за коронавирус после големите протести низ бројни поголеми градови.
Претседателот Емануел Макрон на почетокот на оваа недела објави дека на оние кои не можат да докажат дека се вакцинирани или дека имаат негативен тест за КОВИД (платен од свој џеб) ќе им биде забрането да користат јавен превоз, влез во кино, трговски центар, бар, кафуле, ресторан и други места од 1 август.
– Луѓето кои не можат да презентираат важечка здравствена пропусница, ризикуваат до шест месеци затвор и парична казна до 10.000 евра, според нацрт-текстот на законот, додека сопствениците на„ локалите “кои нема да ги проверат гостите може да одат во затвор една година и да добијат парична казна од 45.000 евра, пренесува Гардијан.
Санкциите претставуваат најавторитарен потег за принудување на вакцинација на Западот и веројатно надминуваат многу вистински диктатури во другите делови на светот.
Владата мораше да повлече сличен закон уште во декември по бројните немири, но повторно го донесе истиот Закон со уште построги казни за неистомислениците.
Како што претходно пренесувавме, полицијата во Париз употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои протестираат против мерките во сцени кои што се случуваа во неколку други поголеми градови низ целата земја.
Сега влегуваме во фазата на пандемија каде станува јасно дека оние што ќе одбијат да ја земат вакцината ќе останат под најтешките мерки на локдаун.