Професорот Бобек Шуклев е осуден на затворска казна од четири ипол години за примање поткуп, а обвинетиот професор Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп, доби казна затвор од четири години.
Судот на Шуклев и Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од 5 години.
Оваа е второ судење за предметот „Еразмус“, затоа што во јуни 2021 година, предметот падна на Апелација.
Апелација го врати предметот „Еразмус“ на повторно судење и не ги потврди затворските казни за професорите од Економскиот факултет кои претходно ги изрече Кривичниот суд.
Тројцата професори Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување на преодни оценки.
При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително кажа дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.