Киев ја поздрави одлуката на Европската Унија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека финансиската помош од Европска Унија има значајна политичка тежина во тековната ситуација. Тој порача дека ваквите одлуки испраќаат јасен сигнал за континуирана поддршка на Украина.
Во објава на „Икс“, Зеленски нагласи дека само истовремено зголемување на поддршката за Киев и засилен притисок врз Москва може да влијае врз текот на војната.
„Стимул за Русија да ја запре војната може да се појави само ако истовремено се засили поддршката за Украина и притисокот биде доволно силен“, наведе тој.
Одобрени заемот и нови санкции
Амбасадорите на земјите членки на Европска Унија во Брисел дадоа зелено светло за заем од 90 милијарди евра за Украина.
Паралелно е одобрено и проширување на санкциите против Русија.
Од Совет на Европската Унија соопштија дека следува писмена процедура за финализирање на одлуките пред тие формално да стапат во сила.
