Претседателството на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе информира за заклучоците од втората седница на Управниот одбор на ЗЕЛС што се однесуваат на разрешување на предизвиците со кои се соочуваат општините, предизвикани од енергетската криза, особено од драстичното зголемување на цената на електричната енергија.

Како што е најавено, заклучоците ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи во административната зграда на ЗЕЛС.