Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтерова скала е регистриран денеска во 14.33 часот во Албанија близу границата со Црна Гора, објави Европскомедитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.
Потресот е регистриран на 11 километри јужно од Плав.
Од Секторот за сеизмологијата при Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија информираат дека јачината на земјотресот во епицентарот бил 3 степени спроед Рихтеровата скала, што одговара на интензитетот на епицентарот на IV-V степен од Меркалиевата скала (MCS).
-Според првичните податоци, епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од 11 километри. Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје, нагласуваат од Заводот.