Предмалку земјотрес повторно ја стресе Македонија. Земјотресот е регистриран во 11 часот и 10 минути и тоа со јачина од 2,5 степени според Рихтер.
Епицентарот е 14 километри југоисточно од Ресен или 88 километри источно од Елбасан, Албанија и на длабочината е 10 километри.
Ова е втор земјотрес на истиот епицентар во рок од два дена. Првиот земјотрес беше со јачина од 2.3 степени по Рихтер.