Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово во 08 часот и 47 минути е регистриран на територијата на соседна Грција. Информацијата ја соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според официјалните податоци од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на околу 140 километри југозападно од Скопје.
Потресот бил почувствуван од населението во Битола, Охрид и нивната непосредна околина, со проценет интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија исто така информираат дека сите граѓани кои го почувствувале земјотресот можат да пополнат прашалник за почувствуваност преку нивната веб-страница, што е значајно за сеизмолошките истражувања, или да се јават на телефонскиот број 112.
