Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

 

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и во област на 64 километри северозападно од Кахраманмараш, градот што беше најтешко погоден од катастрофалниот земјотрес во февруари.