Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23 часот и 07 минути го регистрираше земјотресот.

Епицентарот се наоѓал 28 km северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово.