Во трговски центар во Тетово вчера во 16.30 часот полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода И.М.(37) од Гостивар.
Како што соопштија денеска од МВР, таа била фатена при извршување кражба во трговскиот центар, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а И.М. била задржана во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.