На 17.10.2023 во 19.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(43) од Кавадарци, удрило во С.Б.(73) од Кавадарци.

Во несреќата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.