Во текот на истрагата, по апсењето на оваа група на 4 февруари, утврдено е дека жени на различни начини, како поддршка и параван во нивните акции – тие се осомничени за перење пари, пренесување пораки и разни информации или примамување на жртвите .
Беливук и Миjковиќ се осомничени дека сториле најмонструозни злосторства низ годините, и се криеја под параванот на навивачката фракција на Партизан, Принципи. Како дел од големата истрага, беа испитани бројни жени, а меѓу нив се старлетите Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон, како и Милица Живановиќ – Мими Оро.
Исто така, сослушана е и сопругата на Беливук, Бојана, но, потоа била ослободена. Се крена голема прашина кога исто така беше откриено дека М.Р е долгогодишна љубовница на Веливук , за кого се води истрага под сомнение дека има круцијални докази за овој криминален тим.
– Истражителите заплениле пет телефони и лаптопи од љубовницата на Беливук и тие биле испратени на вештачење. Се сомнева дека таа не учествувала во ликвидациите, но дека играла голема улога во прикривањето на паричните текови и перењето пари – вели извор во Курир и додава дека меѓу пет телефони е пронајден еден шифриран телефон за тајна комуникација.