Со порастот на температурите, значително се зголемил бројот на противпожарни интервенции низ државата. Само во текот на изминатиот викенд, забележани се 60 пожари на отворен простор, од кои 9 сè уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи.
Зголемен број пожари – локации со активни огништа
Според ЦУК, моментално активни се пожари на следните локации:
- Прилеп: село Крушевица и во атарот на село Лопатица
- Демир Хисар: селата Растојца и Кочиште
- Ново Село: планината Огражден над селото Сушица, кај месноста Чардак
- Гевгелија: село Кованец
- Охрид: село Сошани – Дебарца
- Чашка: во атарот на селото Теово, помеѓу Бегова Чешма и Плевење
- Сарај/Желино: над селото Грушино
- Тетово: над селото Вешала на Шар Планина
Центарот за управување со кризи со апел за претпазливост
ЦУК апелира граѓаните да бидат внимателни, а особено земјоделците и сточарите, кои не смеат да палат стрништа и пасишта.
„Ги потсетуваме граѓаните доколку забележат пожар или други итни ситуации што претставуваат опасност по животот, здравјето или природните добра, веднаш да пријават на единствениот број за итни случаи – 112.“
Овој зголемен број пожари претставува сериозна закана, а властите предупредуваат дека поради топлото време и сувата вегетација, ризикот од нови пожари е значително зголемен!