Постојано се слушаат пригушени експлозии и вчера во текот на денот, ноќта и денеска и се гледаат траги од ракети раскажува Марио Јовановски кој речиси две години живее во Дубаи. Вели сега за сега ситуацијата е стабилна и се чувствува безбедно.
Дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните. Постојано се зголемува бројот на македонските граѓани затекнати на блискиот исток, МНР објави телефонски броеви каде да побараат помош. Информираат дека со сите граѓани се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, се вели во соопштението од МНР.
Затворени аеродроми и откажани летови во земјите од блискиот исток. И од туристичките агенции во земјава велат дека ги откажуваат тековните аранжмани.
