На преминот веќе осум дена се стационирани припадници на специјалните единици на косовската полиција, соопшти порталот Косово онлајн.
Според Косово онлајн, станува збор за американски, полски и канадски војници во рамките на мисијата на КФОР на Косово.
-КФОР внимателно ја следи ситуацијата на цело Косово и останува фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат – што произлегува од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година – за да се осигура безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово. КФОР го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучително и северно Косово, соопштија од КФОР за Косово онлајн.