Македонските ракометари го чекаат противникот за квалификациите

Машката ракометна репрезентација на Македонија на 26 март ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство 2028. Континенталниот шампионат ќе се одржи во Шпанија, Швајцарија и Португалија, а ждрепката за квалификациите ќе ја организира Европската ракометна федерација.

Според рејтингот, македонската селекција ќе биде сместена во вториот шешир. Таму се наоѓа заедно со репрезентациите на Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија.

Ждрепката ќе се одржи во Лисабон со почеток во 19 часот.

Познати шеширите за квалификациската ждрепка

Европската ракометна федерација веќе ги објави и шеширите за извлекувањето на групите.

Прв шешир:
Германија, Хрватска, Исланд, Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија и Словенија.

Втор шешир:
Македонија, Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија.

Трет шешир:
Литванија, Босна и Херцеговина, Белгија, Грција, Украина, Романија, Грузија и Црна Гора.

Четврти шешир:
Естонија, Летонија, Турција, Косово, Луксембург, Израел, Финска и Словачка.

Во квалификациите ќе учествуваат вкупно 32 репрезентации. Тие ќе бидат поделени во осум групи. На Европското првенство 2028 ќе настапат вкупно 24 национални селекции.