Физичка пресметка поради недоразбирање за паркинг место била пријавена на подрачјето на скопската населба Карпош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, утрово околу 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека, по претходно недоразбирање околу паркирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М. (44) од една страна и А.Н. (23) и Т.Н. (55), сите од Скопје, од друга страна.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
