– А.Б (31) од Порој по лишувањето од слобода е задржан во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење. По целосно документирање на случајот и изготвени соодветни поднесоци изведен е пред судија во претходна постапка кој одреди 30 дена притвор, информираат од СВР Тетово.

Приведениот беше најден на паркинг на фирма во Порој, а при тоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници. Во неговото возила марка „хамер” биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.