Златан Ибрахимовиќ поради повреда нема да игра до крајот на сезоната. Веројатно поради повредата на листот ќе заврши импресивната кариера на 41. годишниот напаѓач.
Ибрахимовиќ се повреди неодамна на загревањето во текот на натпреварот против Лече (2:0).
Утрово беше потврдено дека повредата е сериозна и дека Златан речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната во која речиси е да не играше.
Легендарниот шведски фудбалер го пропушти поголемиот дел од сезоната поради операција на коленото. Се обидуваше да се врати на теренот, одигра неколку натпревари, но беше очигледно дека годините го стигнаа.
Севкупно, брилијантниот 41. годишен играч оваа сезона одигра 143 минути во дресот на Росонерите и постигна гол против Удинезе. Тој може да биде неговиот последен во тимот на Милан, но и во кариерата.
Договорот меѓу Ибрахимовиќ и Милан истекува на крајот од сезоната. Извесно е дека клубот нема да му понуди продолжување на соработката.