Движење ЗНАМ за Наша Македонија со загриженост ја следи реториката и однесувањето на Венко Филипче. Иако едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен само на партиската фотелја. Жалиме што некогашната државотворна партија, наместо да делува како силна, конструктивна и иницијативна опозиција која предлага решенија и води суштински дебати за иднината на државата, се служи со вулгарен и уличен вокабулар, оддалечувајќи се од вистинскиот политички дијалог, стои во соопштението од Движење ЗНАМ за Наша Македонија.

Ваквото однесување и реторика на Филипче и СДСМ, предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон Движење ЗНАМ – луѓе кои сакаат конструктивен, реформски и државнички пристап. Токму поради овој трансфер и растечкото разочарување, Филипче и раководството на СДСМ се во параноја, обидувајќи се да го одржат партискиот штит и личната фотелја.

Прашањето кое се наметнува е – дали ваквиот настап на Филипче е само најава за пат кон Дубаи со златни визи, каде личните интереси се пред државните?

Тој впрочем одбива да учествува во разговор за клучни државни интереси и реформските закони кои се дел од агендата за европски интеграции. Ова е јасна порака дека неговиот приоритет не е напредокот на државата, туку зачувувањето на лични и партиски позиции.

Тема на лидерската средба е токму она што ја носи Македонија напред – реформи во правосудството, реформите за јавното обвинителство, унапредување на безбедноста и слободата на изразување. Сето тоа е дел од реформската агенда за ЕУ, која има за цел економски раст и стабилност на државата.

Венко Филипче, за жал, не е научен на ваков дијалог кога станува збор за државата. Тој и некогашното владино раководство предводено од СДСМ не ги дискутираа суштинските теми за иднината на Македонија на овој начин – Преспанскиот договор или францускиот предлог не беа предмет на лидерска средба. Одлуките се носеа зад затворени врати, без јавен дебатен простор, без грижа за суверенитетот, без почит кон граѓаните – како државата да беше нивна лична сопственост, а не татковина за сите Македонци.

Филипче е заштитен од систем кој го штити од одговорност за минатите криминали: провизии од модуларни болници, тендери за јаглен за ЕСМ со лични подароци, вакцини купувани по двојно високи цени, и трагедијата во Тетово со 14 живи изгорени луѓе. Сите тие случаи се дел од мрежа на партиска корупција која го штитела, додека тој молчел и го штител својот партиски круг.

За разлика од тој систем, сегашната Влада ја води државата кон стабилност и европска интеграција. Ниту еден корупциски скандал, ниту еден криминален тендер, ниту еден скандал не ја наруши довербата на граѓаните.

Аферите на минатата власт – Рашковски, Ковачевски, Мухамед Зеќири, бегалецот Груби и нивните соработници – се трајно сведоштво за владеење кое ја постави Македонија во стагнација и пропаст.

Филипче мора да излезе од мафијашкиот филм и од обвинувањата за „српскиот свет“ – крајно време е да го остави партискиот мит зад себе и да почне да гледа реално на државата.

Движење ЗНАМ за Наша Македонија го повикува да престане да ја блокира реформската и европската агенда и да се посвети на вистинските интереси на државата и граѓаните, наместо на фотељата и на партиските штитови.

Македонија заслужува лидери кои гледаат напред, кои градат консензус за реформите и за европската иднина, а не лични или партиски позиции.

Извор: Република