До неодамна, за такво нешто не беше потребна согласност од владата, а овој потег се гледа како „прст во око“ на поддржувачите на ЕУ во Велика Британија, пишува „Сан“.

Владината веб-страница, во делот поврзан со знамиња, вели дека „откако Велика Британија ја напушти Европската унија, знамето на ЕУ повеќе не е вклучено во листата на знамиња за кои не е потребна владина дозвола“.

Овој потег е одделен од упатствата за општинските власти, од кои се бара да го остават знамето на ЕУ како услов за добивање пари од Брисел, од фондот за обновување по пандемијата „Ковид“, додава„Сан“.

Практично секое ниво на влада во Англија ќе добие нешто од предвидените 65 милиони евра (56 милиони фунти).

Најголем примач на пари е Бирмингем (еден милион фунти), каде мнозинството гласаше за напуштање на ЕУ.