Зошто Ковачевски и Ахмети молчат за предлогот да се ископира Хрватскиот модел на устав, земја членка на ЕУ која до вчера ја кажуваа за пример, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ треба да се изјаснат за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Уставот на Македонија да се преслика од тој на Хрватска, каде Македонската држава ќе се означи како држава на Македонскиот народ и малцинствата кои живеат во Македонија, каде поименично ќе се запишат сите кои беа опфатени во последниот попис.
Пресликување на Хрватскиот модел, е одличен пример за Македонија.
Хрватскиот устав е устав на земја членка на ЕУ и сметаме дека пресликување на истиот може само да ја зацрвсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди.
Доколку СДС и ДУИ се искрени тие нема зошто да се противат на хрватскиот модел, кој ги гарантира правата на сите малцинства“, се вели во соопштението.