Во Центарот за управување со кризи во последното деноноќие имало вкупно 1.810 повици на единствениот број за итни случаи 112 . „Реални“ повици биле 40,17%, а 59,83% други, што биле за други потреби на граѓаните и не биле итни, информираат од ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,89% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 59,83% „неитни повици“ (1.093 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 59,53%, кон Итната медицинска помош 3,50%, а кон пожарникарите 3,50% од повиците од 112 во ЦУК.