10 милиони Кубанци се во мрак
Владата се обиде да спречи катастрофа со затворање на училишта, некритични бизниси денес и испраќање на државните службеници дома. Но, напладне најголемата електрана, Антонио Гитерас, падна, предизвикувајќи синџир на прекини на струја низ целата земја. Околу 10 милиони Кубанци се во мрак.
„Ќе работиме без прекин за да ја вратиме моќта“, напиша кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел на Твитер. Сепак, енергетичарите не знаат колку време ќе биде потребно за да се врати струјата.
Вонредна ситуација
Вчера кубанскиот лидер објави дека Куба се наоѓа во „вонредна енергетска ситуација“ поради тешкотиите во купувањето на горивото потребно за електраните поради ембаргото на САД.
Зошто дојде до криза?
Премиерот Мануел Мареро ги додаде стареењето на инфраструктурата и зголемената побарувачка меѓу причините. Тој рече дека приватните компании ќе плаќаат повисоки цени за да го компензираат недостигот на електрична енергија.
На островот, електричната енергија се произведува од осум застарени термоелектрани, кои често не се во функција или се во поправка, од седум пловечки електрани што владата ги издава на руски компании и генератори.
Поради кризата затворени ќе останат училиштата и универзитетите, како и културните институти, спортските клубови и ноќните клубови. Само бизнисите од прехранбената индустрија и болниците ќе продолжат да работат без пркин.
Енергетска криза
Енергетската криза е уште еден удар за населението на островот, кое веќе страда од недостиг од основни прехранбени производи, гориво, вода и лекови. Во последните недели неколку провинции беа без струја и по дваесет часа дневно.