100 дена посветена работа
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи информираше за сработеното во првите 100 дена од мандатот, нагласувајќи дека отчетноста и транспарентноста претставуваат должност кон граѓаните. Тој посочи дека токму поради тоа, пред јавноста се излегува со јасен и отворен приказ на реализираните активности во изминатиот период.
Поставен темел за идниот развој
Според него, во изминатите месеци се работело интензивно и посветено, секојдневно и во континуитет. Постигнатото, како што наведува, претставува почеток и поставување темел за градење на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ѓорѓиевски потенцира дека успехот не е личен, туку заеднички – на сите скопјани кои верувале дека градот може да функционира поинаку.
Повик за средба со граѓаните
Во објавата се истакнува дека резултатите доаѓаат кога се работи со визија и без личен интерес, а предизвиците што следуваат нема да бидат причина за откажување. Напротив, најавена е уште поодлучна и посилна работа во интерес на секој граѓанин.
Настанот со јавноста е закажан во 19:00 часот во Филхармонија на Република Македонија, каде градоначалникот ќе ги презентира резултатите од досегашниот мандат.
